Adria Prime – индекс на словенечки и хрватски акции

24

Љубљанска и Загрепска берза започнуваат нов берзански индекс – Adria Prime, што ќе почне да се пресметува од 19-ти овој месец, пишува Пословни дневник.

Овој индекс ќе се состои од пет компании од Prime пазарот на Загрепска берза и девет компании што го чинат словенечкиот индекси SBI TOP.

Инаку, словенечкиот пазар на капитал е поголем од хрватскиот, српскиот и бугарскиот, а во последните пет години индексот SBI TOP оствари раст од 18%, што е повеќе од просекот од 14% на споменатите пазари.

Кога станува збор за хрватскиот пазар на капитал, кризата во Агрокор го запре закрепнувањето на пазарот, но туристичкиот сектор оствари поголеми резултати на берзата. Додека пред пет години, акциите од туристичките компании има само 2% учество во прометот, сега има дури 30%.