Над 33.000 пластични шишиња во минута завршуваат во Средоземното море

142

Фото: Pixabay

Секоја година 570.000 тони пластика завршува во водите на Средоземното море, односно 33.800 пластични шишиња во минута, покажува новиот извештај на Светската организација за природа по повод Светскиот ден на океаните, осми јуни, пренесува Ansa.it.

Главниот фокус е ставен на Италија, којашто е најголемиот производител на пластика во регионот и втора земја што најмногу произведува отпад од овој тешко разградлив материјал. Околу половина милион тони годишно пластика ослободува оваа медитеранска земја.

Туризмот претставува еден од главните причинители за зголеменото загадување на водите со пластика. Па така, во текот на летните месеци, за 30% се зголемува обемот на пластичен отпад.

Италија годишно губи по 67 милиони евра поради загадувањето, а сектори што се најмногу погодени се: туризмот со 30,3 милиони евра, рибарството со 8,7 милиони евра и поморската трговија со 28,4 милиони евра.