Скоро 10% профили на Фејсбук се на миленичиња и предмети

38

facebook-boo-profileПреку 100 милиони профили на Фејсбук се на домашни миленичиња, предмети и страници на брендови. Сепак, Фејсбук ги смета како активни корисници и ги прикажува во своите извештаи. Откако во октомври минатата година оваа компанија објави дека имаат милијарда корисници, еМаркет направија истражување и заклучија дека само 889,3 милиони профили се на луѓе.

Во последниот квартален извештај, Фејсбук велат дека имаат 1,1 милијарда корисници, но според еМаркет, оваа бројка (на профили на луѓе) ќе ја достигнат дури во 2014 година.