Повисоки цени на производителите на индустриски производи во април

51

Фото: Pexels

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април оваа година, се повисоки на месечно ниво за 0,5%, а за 1,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2019, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,3%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,9%.

Во април 2019, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,4%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 2,4%.