Стивен Спилберг работи на серија што ќе може да се гледа само ноќе

55

Легендарниот режисер Стивен Спилберг работи на хорор серија, којашто е планирано да се гледа на телефон, но исклучиво ноќно време. After Dark ќе има 10 до 12 епизоди коишто ќе се емитуваат ексклузивно на нова стриминг платформа Quibi (кратенка од Quick Bites), посветена на кратки видеа.

Quibi официјално ќе старува на шести април следната година, а нејзини основачи се Џефри Каценберг, поранешен извршен директор во Disney и Мег Витман поранешна извршна директорка во HP.

За да може да се изведе замислата за ноќно гледање на Спилберг, тимот од Quibi ќе имплементираат “внатрешен часовник“ во телефоните на претплатниците, пишува The Verge. Часовникот ќе покаже кога сонцето заоѓа, без разлика за која локација станува збор. Штом се спушти ноќта, After Dark ќе биде достапна за гледање, сè додека Сонцето не изгрее следниот ден, по што серијата ќе исчезне од апликацијата.

За својот проект Катценберг и Витман обезбедија инвестиции од една милијарда долари, а нивната идеја е да понудат забава на оние кои сакаат да гледаат “во движење“ и не сакаат да се посветуваат на долги серии коишто траат со години.

Фото: Pixabay