Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во мај 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 2,2 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 4,8 %.
Во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.0.
Во делот аутпут, во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 93.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.9.
Фото:Pixabay