Ceed Hub Skopje дел од Soft-Landing, програма за организации што поддржуваат стартапи

60

Ceed Hub Skopje од 23-28 јуни ќе биде дел од Soft-Landing програмата во Бостон, САД.

Триесет претставници од европски акцелератори и хабови (ecosystem builders) ќе имаат ретка можност да посетат акцелератори, стартапи, инвеститори во Бостон и да се запознаат со тамошниот екосистем.

Преставниците од различни земји од Европа ќе можат да одблизу да видат како функционираат овие организации, да добијат и споделат искуство со цел да се подобри и развие работењето на акцелаторите и хабовите од каде што доаѓаат.

Soft-Landing програмата поврзува шест хабови во европска старт-ап мрежа и им помага на стартапите да излезат на нови европски пазари, да ја добијат целата потребна поддршка и информации што би им послужиле за развивање на нивниот екосистем.

Програмата вклучува и говорници, успешни претприемачи и поддржувачи на старт-ап мисијата.

Најмногу претставници доаѓаат од Германија, Балтичките земји и Холандија.