Измени и дополнувања на Правилата за тргување на Берзата

52

Одборот на директори на Берзата изврши измени и дополнувања на Правилата за тргување на Македонска берза кои ќе се применуваат почнувајќи од денес 28.06.2019 година.

Измените се однесуваат на одредбите од Правилата во однос на: начинот на реализација на налогот по најповолна цена; воведување на нов вид на ознака при тргување на друштвата за управување со инвестициски фондови кои управуваат со портфолио на индивидуален клиент; измена во одредбите за отстранување и повторно воспоставување на ценовните ограничувања (статички лимити) и др.

Пречистениот текст на Правилата за тргување може го најдете на следниов линк.