Дизајн, карактеристики, перформанси: Самсунг Галакси С10 наспроти Галакси С10+

115

Компанијата Самсунг оваа година претстави неколку нови возбудливи технологии и интересни елементи во дизајнот на новите уреди од Галакси С10 серијата смартфони. Највпечатливи промени беа отстранувањето на рамките околу екранот на уредот и notch – отворот за предна камера, ултрасоничниот скенер за отпечатоци, безжичното споделување на енергија и повеќе камери.

Една од најочигледните разлики помеѓу Галакси С10 и Галакси С10 е нивната големина, но не и најважната, кога се одлучувате за кој уред да го купите. Естетски, и двата уреди се со ист крој. Имаат ист форм фактор кој работи неуморно да ги елиминира рамките и да го максимизира просторот на екранот. Креирани се со едноставен дизајн на стакло кој се користи за ултра – премиум смартфони. Екранот на С10 е 6,1 – инчен, а Галакси С10+ има екран со димензии од 6,4 инчи. Двата уреди имаат сооднос на екран 19:9, што значи дека се лесни и едноставни за држење во рака и за користење на уредот.

Галакси С10+ (175g) е малку потежок од С10 (157g). Но, доколку го одберете керамичкиот модел на С10+, тогаш тежината ќе биде поголема, односно таа изнесува 198g. И двата модели не тежат многу, но за “гејмерите“ или оние кои сакаат да читаат, подобро е да се одлучат за полесната варијанта.

Исто така, разлика се забележува во предните селфи камери. Галакси С10 има еден сензор, наспроти двојниот на С10+. Кај задните камера на двата уреди нема разлика, а се поставени на хоризонтална линија, заедно со сите сензори и светла.

Дополнителната предна камера на С10+ е најголема, со тоа што овозможува повеќе сеопфатни информации за длабочината на “селфи“ портретот при замаглени позадини. Втората камера помага смартфонот попрецизно да го оддели предниот план на фотографијата од позадината, овозможувајќи поприродно замаглување на позадината и подобрување на специјалните ефекти. Во однос на сè друго, двата главни сензори се идентични.

Едноставно корисничко искуство

Низ годините, компанијата Самсунг преку своите иновации се стремеше да го олесни користењето на уредите за своите корисници. Галакси С10 и Галакси С10+ го содржат оперативниот систем Andorind 9 Pie“, а новиот кориснички интерфејс на Самсунг – ONE UI е одличен за користење. Со негова помош речиси секој аспект од Галакси уредот е пријатен и лесен за употреба. Заштитен знак на ONE UI е: едноставниот и “чист“ дизајн, лесниот пристап до поставките на уредот, како и многу подобри перформанси во целост.

Поголемото куќиште на Галакси С10+, исто така, значи и поголема батерија. С10+ има 4,100 mAh, додека пак С10 – 3,400 mAh. Оваа разлика значи продолжување на батеријата за неколку часови, што значи за оние кои имаат подолг работен ден, С10+ е вистинскиот уред.

Без разлика кој уред и да го одберете, ќе добиете врвен квалитет. За оние кои сакаат поголем екран кој ќе го замени нивниот лап топ тогаш С10+ е најсоодветната верзија. За останатите љубители на премиум смартфон со помали димензии, тука е Самсунг Галакси С10.