Регистрирани вкупно 1.948.535 активни претплатници во мобилната телефонија

66

Бројот на активни претплатници во мобилна телефонија во републикава изнесува 1.948.535. Од нив при пејд корисници се 877.186, пост пејд 813.367, а бројот на деловни пост пејд корисници изнесува 257.982, покажува последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации 9АЕК) за состојбата на пазарот во мобилната и фиксната телефонија.

Вкупниот реализиран сообраќај изнесува 1.311.733.709 минути, од коишто 912.591.762 минути отпаѓаат на мобилен сообраќај, додека во фиксната телефонија тој број изнесува 23.688.107 минути.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна телефонија имале 1.308.333 претплатници. Во првиот квартал од годинава уделот на операторите во вкупниот број на активни претплатници е следниот: оне.ВИП 49,44%, Македонски Телеком 48,27%, Лајкамобил 2,08% и 0,20%.

Вкупниот број на фиксни линии (во сите технологии) е 386.066 претплатници, додека вкупниот обем на телефонски сообраќај (во минути) во првото тромесечје од годинава изнесувал 47.037.160.

Фото: Pexels