Мамурко – органски лек за мамурлак

54

Фото: Pixabay

Матуранти од медицинско училиште во Србија осмислија органски прашок што лекува мамурлак, пишува Вечерње новости.

Станува збор за лекот Мамурко, којшто се продава во пакување од 10 грама, е изработен од органски состојки.

“Освен сурутка, којашто од сите протеини најбрзо се апсорбира, додадовме витамински комплекси, гликоза којашто ги храни ќелиите, сол, лимонска киселина, а единствена вештачка состојка е бојата, што не е штетна и е во многу мала количина“, вели Слаѓан Грујиќ, директор за производство на ученичката компанија Био Елај.

Мамурко се раствора во 200 до 250 милилитри студена вода, а освен што е ефикасен за мамурлак, има својство и како освежителен енергетски пијалак.