Бензините поскапуваат за пола денар, за толку се намалува цената на дизелот

51

Фото: Pixabay

Бензините поскапуваат за половина денар, додека за истиот износ се намалува цената на дизелот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 е 69 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 71 денар за литар.

Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 61 денар за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.07.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,739 ден/кг.