Што е Webinar?

850

Фото: Pixabay

Станува збор за поим што потекнува од зборот семинар, со тоа што единствено се реализира преку интернет. Webinar-от вообичаено е однапред осмислен и систематизиран материјал што онлајн се претставува на одредена цела група, со цел да се запознаат учесниците со одреден проблем, информации, предавање, истражување или презентирање на производ или услуга.

Исто така, Webinar-от може да оди во живо, па учесниците да имаат прилика да поставуваат прашања или да учествуваат во отворена дискусија.

Webinar-от може да биде во форма на онлајн презентација, демонстрирање одредени вештини или вежби. Во рамки на овој веб – семинар учесниците може да споделуваат различни видео или аудио материјали, документи и слично.

Заинтересираните учесници однапред се информирани за точниот датум и време на почетокот на Webinar-от.

Овој вид на онлајн состанок може да им биде од голема корист на компании кои сакаат да направат презентација, да извршат обука на одредена тема, но поради различни причини не можат на едно место да ги соберат сите учесници. Меѓу предностите што ги нуди Webinar-от е тоа што во исто време може да учествуваат луѓе од различни делови од светот, со што се зголемува ефикасноста, а се намалуваат трошоците.