Американската компанија Uber ја проширува својата такси услуга, односно вклучува повеќе автомобили за превоз без разговори со цел да им обезбеди на патниците максимална приватност и време за себе.
Така доколку некој има потреба ќе може слободно во тишина да си проверува мејлови, да сработи некоја задача, па дури и да заспие за време на возењето. Возачот е должен само да го однесе клиентот на посакуваната дестинација.
Корисниците одбираат помеѓу неколку опции вклучени во услугата Comfort trip, како Uber Pool, UberX, Uber Black и UberXL. Новите возила ќе им обезбедат на патниците поголем комфор, идеална температура и опуштено и релаксирано возење, пишува CNN.
Uber во иднина планира да го замени и превозот со хеликоптери, со летечки автомобили со цел да го направи истиот побрз и побезбеден. Засега компанијата нуди превоз со хеликоптер во Њујорк, но не секој корисник може да го нарача. Дозволен е за оние со највисок статус (дијамантски и платиниумски) од програмата за награди. За да ги обезбеди летовите Uber соработува со фирмата за чартери со хеликоптери HeliFlite со седиште во Њу Џерси.
Фото: Facebook