Winston – чувар на онлајн податоци

66

Winston е еден вид на хардвер филтер што ја чува онлајн приватноста на корисникот и овозможува безбедно користење на интернет. Ги штити сите мрежни уреди во домот, дури и активностите на паметните телефони.

Благодарение на Winston следењето, шпионажата, хакирањето и манипулирањето со информации се оневозможени. Освен тоа, уредот овозможува и побрз интернет за полесно пребарување во секое време со тоа што елиминира голем број од здодевните реклами што се појавуваат на сајтовите.

Исто така, не дозволува на никој, вклучувајќи и го производителот да знае за онлајн активностите на корисникот.

Производот има успешно завршена кампања на платформата Indiegogo каде што има собрано 514.669 долари, а првите испораки се очекуваат кон крајот на годинава.

Фото: Indiegogo