Дизелот поскапува за еден, а бензините за 1,50 денари

45

Фото: Pixabay

Горивата од полноќ поскапуваат од еден до 1,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поскапуваат за 1,50 денари, па така литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 70,50 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 72,50 денари.

Дизелот поскапува за еден денар, па неговата нова цена ќе биде 62 денари за литар. Исто така, за еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава по цена од 51,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,342 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 08.07.2019 година и со тоа малопродажната цената на мазутот М-1 НС изнесува 36,081 ден/кг.