Фото: Pixabay
Одењето на забар може да значи голем стрес, па поради тоа многу луѓе ја одложуваат посетата на својот личен стоматолог сè до оној момент додека болката не стане неподнослива.
Но, американскиот старт – ап, под името Henry the Dentist, кој доаѓа до посакуваното место на пациентот. Освен што не мора да го напуштаат своето омилено место или канцеларијата, пациентите седат во удобни столици за масажа, носат слушалки и гледаат филмови, јавува Inc.
Henry the dentist има осум возила, опремени со по три простории што ги нудат сите неопходни стоматолошки услуги.