Шкотските ветерници произведуваат доволно енергија за секој дом во земјата да се снабди два пати. Земјата произвела вкупно 9,8 милиони мегават часови на електрична енергија во периодот од јануари до јуни 2019 година.
Тоа, според пресметките, би било доволно за 4,47 милиони домови во Шкотска со резерва за речиси секој од нив, пишува Engadget.
Шкотска планира до 2050 година половина од својата енергија да ја добива од обновливи извори и во план е да ги елиминира емисиите на CO2 од својата енергетска инфраструктура.
Благодарение на големиот број на ветерни фарми и околината, којашто е ветровита и богата со крајбрежја, земјата е во можност максимално да генерира ваков тип на енергија. За да се овозможи ова придонесува и помалата бројка на жители во споредба со останатиот дел од Велика Британија.
Шкотска е пример дека обновливите извори на енергија достигнуваат нивоа што биле незамисливи во минатото, што секако е големо охрабрување за намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот и обезбедување на поздрава животна средина.
Фото: Pixabay