Nestle создава чоколади без додаден шеќер

198

Фото: Pixabay

Швајцарскиот производител на чоколади, Nestle развива сосема нов начин за производство на чоколадо без да се додаде ниту еден грам шеќер, користејќи остатоци од растението какао, пишува Bloomberg.

Nestle користи патентирана техника за претворање на белата пулпа, што ги покрива зрната какао, во прав што содржи природен шеќер. Оваа есен во Јапонија, Nestle ќе почне да продава KitKat со 70% темно чоколадо по нов рецепт, што не вклучува дополнителен шеќер.

Досега пулпата не се користела како засладувач на чоколади и вообичаено завршувала во ѓубре.

Nestle би можел да го користи истиот процес за производство на млечна и бела чоколада во иднина. Новата темна чоколада на компанијата со 70% какао има 40% помалку шеќер од поголемиот дел чоколади со додаден шеќер. Чоколадото KitKat има 12,3 грама шеќер по оброк.