Фото: Pixabay
Европската комисија отвора детална истрага врз американскиот гигант за онлајн трговија, Amazon, поради сомневање дека ги крши европските мерки за заштита на конкуренција. Причина за тоа е користење податоци од независни продавачи кои продаваат преку нивната интернет страница.
“Европските потрошувачи сè повеќе купуваат онлајн. Електронската трговија ја зголеми конкурентноста на малопродажбата и тоа донесе поголем избор и подобри цени. Ние треба да бидеме сигурни дека големите онлајн платформи не ги елиминираат овие придобивки, па затоа одлучивме внимателно да ги разгледаме деловните практики на Amazon“, изјави Маргарет Вестагер, комесар задолжен за политика за конкуренција.
Оваа американска компанија врши директна продажба преку својата интернет страница, но исто така им остава простор на независните продавачи посебно место на пазарот под името Marketplace, преку коешто тие сами може да продаваат.
Amazon веќе беше под истрага на Комисијата во 2017 година, кога беше побарано на Луксембург да му врати 250 милиони евра за надомест поради користење на даночни олеснувања.