Канадската компанија за телекомуникации Telesat доби поддршка од тамошната влада за да инсталира сателити во орбитата коишто ќе придонесат за интернет конекција во руралните средини во земјата.
Според договорот, во следните 10 години владата ќе инвестира 600 милиони канадски долари во флотата на сателити од Telesat.
Дополнителни 85 милиони ќе бидат вложени за создавање на 500 нови работни места, во истражување и развој како и STEM едукација, (фокус на наука, технологија, инженеринг и математика).
Telesat бележи напредок во креирање на соѕвездие од 292 сателити (LEO) чијашто цел е да обезбедат сателитски интернет до крајот на 2020 година.
Таканаречената LEO мрежа ќе биде 35 пати поблиску до Земјината орбита, од постоечките сателите, што ќе резултира со пократок пат на интернет сигналите. Таквиот систем се очекува лесно да се интегрира со постојните земјени мрежи и да обезбеди квалитетен интернет било каде на Земјата.
Предвидувањата за проектот се дека истиот ќе генерира 1,2 милијарди долари приход во следната декада и дека ќе го помести јазот на дигиталната поделеност.
Фото: Pixabay