Ериксон Никола Тесла е најдобар хрватски извозник

49

zlatni-kljucЗлатен клуч, наградата за најдобар хрватски извозник ја доби компанијата Ериксон Никола Тесла.

На осмата Конвенција на извозници доделени се награди во повеќе категории: најиновативен извозник е компанијата HSTEc, најдобар мал извозник Navis Consult, најдобар среден извозник е Calucem d.o.o и најдобар голем извозник е Ериксон Никола Тесла.

Гордана Ковачевиќ, претседател на Управата на Ерискон Никола Тесла изјави дека хрватските претприемачи кои извезуваат мораат континуирано да ги докажуваат своите храброст и знаење.

“За жал, во овие тешки времиња многу работи не ни одат од рака, затоа нашите резултати ни се уште поважни. Потребен ни е консензус и фокус на стратешки приоритети важни за долгорочен развој на нашата економија. Ориентираноста кон светот е стратешки пат за опстанок. Хрватска има лимитирани можности на домашниот пазар и затоа треба да се сврти кон извозот. За Ериксон ова беше рекордна година, 86% од производството беше за извоз”, рече Ковачевиќ.