Горивата со исти цени и оваа недела

52

Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат исти во однос на минатата недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

И оваа недела еден литар Еуросупер БС 95 ќе се продава по 69,50 денари, како и Еуросупер БС 98 што чини 71,50 денари. Непроменета останува и цената на дизел горивото, па така Еуродизел (Д-Е V) е 61,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,014 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 34,181 ден/кг.