Сирењата на Идеал Шипка стануваат Президент

235

President-sirenja-od-Makedonija_FOTOМакедонските сирења и кашкавали произведени во млекарницата Идеал Шипка стануваат дел од понудата на Президент (Président) – една од најпознатите глобални трговски марки и експерт во категоријата сирења, која под своја закрила ги обединува најдобрите автентични сирења од сите делови на светот.

Со тоа што ќе станат дел од семејството на Президент овие македонски сирења и кашкавали нема да изгубат од својата автентичност, квалитет и вкус, туку ќе добијат меѓународна препознатливост што ги отвора патиштата за пласман на европските пазари.

Сирењата и кашкавалите ќе продолжат да се произведуваат на истото место, според традиционалната македонска рецептура, од домашно млеко, со што ќе го задржат реномето и довербата што ја имаат кај потрошувачите.

“Кога едно македонско сирење го носи името на еден од најпознатите светски брендови, значи дека тоа го досигнало највисокиот степен на квалитет, автентичен и препознатлив вкус и висока доверба кај потрошувачите. Сите ние сме исклучително горди што сме првите кои успеале да го постават традиционалното македонско сирење во врвот на светот на сирењата”, изјави Љиљана Кузмановска, од контрола на квалитет во Идеал Шипка.

Ребрендирањето на кравјите, мешаните и овчите сирења и кашкавали на Идеал Шипка ќе се врши во три последователни фази, при што на крајот од процесот брендот Президент целосно ќе ја замени досегашната ознака на пакувањата на производите.

Инаку Президент е еден од водечките брендови на најголемата светска млечна индустрија Лакталис. Основан во 1968 година, до денес прерасна во водечки глобален бренд во категоријата сирења кој обединува над 200 оригинални производи кои се пласираат на над 140 пазари ширум светот.