Кои земји извезуваат најмногу шеќер во светот?

143

Во светот лани е извезен шеќер во вредност од 22,5 милијарди долари. Меѓу земјите кои се најголеми извозници на шеќер се: Бразил, Тајланд и Франција.

Бразил лани извезе шеќер во вредност од 6,5 милијарди долари, што е 29,1% од вкупното количество на извезен шеќер. Потоа следува Тајланд со извезен шеќер во вредност од 2,5 милијарди долари, додека Франција минатата година инкасирала 1,3 милијарди долари од извоз на шеќер.

Меѓу топ 10 извозници на шеќер се и: Индија (919 милиони долари), Германија (800 милиони долари), Мјанмар (772 милиони долари), Мексико (712 милиони долари), Белгија (541 милиони долари), Гватемала (493 милиони долари) и Холандија (471 милиони долари).

На регионално ниво, Хрватска лани извезла шеќер во вредност од 85 милиони долари и е 40-та во светски рамки. По нејзе следува Србија којашто е 55-та со извоз на шеќер од 42,7 милиони долари. Словенија е 74-та во светот со извоз на шеќер од 16 милиони долари, а Грција е едно место подолу со извоз од 15,9 милиони долари. Бугарија е 83-та со 9,4 милиони долари извоз.

Земјава е 108-ма во светски рамки со извоз на шеќер во вредност од 314.000 долари.

Санта Луциа, Руанда и Непал се три земји со најмал извоз на шеќер во светски рамки.