Првата Хари Потер книга продадена за 227.000 долари

212

Првата книга од мегапопуларниот роман на Ј.К. Роулинг, Хари Потер и Каменот на мудроста, која беше објавена во 1997 се продаде на аукција во Лондон за неверојатни 227.000 долари.

Harry-Potter-and-the-Philosophers-Stone

За фантастичната книга се наддаваа двајца учесници пред конечно истата да биде продадена, по што следуваше громогласен аплауз во Лондонската аукциска куќа Sotheby’s.

Книгата содржи коментари и 22 оригинални илустрации на авторката на серијалот Ј.К Роулинг.

Harry-Potter-book

На аукцијата се продаваа книги од 50 познати современи британски писатели, при што беа собрани средства во вредност од 663.000 долари.