Британскиот старт – ап за достава на храна, Deliveroo од деветти овој месец почнува сосема нова услуга. Станува збор за хеликоптер во чија внатрешност ќе биде сместен ресторан, пишува Stylist.
Хеликоптерот ќе го носи името Roocopter One, а гостите пред да се качат ќе може да изберат храна од некој од клиентите на Deliveroo – Wagamama, Chipotle, Bababoom и други.
Летот, што ќе трае 20 минути, ќе биде на висина од околу 300 метри, а гостите ќе може да уживаат во убавините на Лондон од птичја перспектива.
Во овој ресторан ќе може во исто време да летаат најмногу пет лица.