Компанијата Mastercard купува удел од 3,2 милијарди долари во данската компанија за плаќање во реално време, Nets Group, пишува Financial Times.
Ова, како што се наведува, е најголема трансакција на Mastercard, а има за цел да ја користи инфраструктурата за плаќања во реално време меѓу банкарски сметки во Европа, како и користење дополнителни апликации и услуги.
Се верува дека на овој начин Mastercard ќе ја зацврсти својата позиција на пазарот на нордиските земји.
Фото: Pixabay