Колку чини литар млеко во Хонг Конг, а колку во Македонија?

195

Еден литар млеко во Хонг Конг чини 2,57 евра, додека просечната цена на иста количина млеко во земјава е околу 0,80 евра, покажуваат податоците на порталот Numbeo.

Земји во коишто цената на литар млеко е околу две евра се: Тајван (2,48 евра), Сингапур (две евра), Либан (1,87 евра), Јужна Кореја (1,81 евра).

Од земјите во регионот, еден литар млеко во Грција се продава за околу 1,17 евра, додека во Албанија и Бугарија е околу едно евро. Во Словенија за литар млеко се одвојуваат 0,90 евра, во Хрватска чини 0,83 евра, додека во Македонија 0,80 евра.

Поевтино млеко од кај нас има во Србија и Црна Гора, каде што еден литар е околу 0,76 евра, а во Босна и Херцеговина, еден литар млеко чини 0,69 евра.

Три земји во кои млекото е најевтино во светот се: Сирија (0,54 евра), Алжир (0,45 евра) и Тунис (0,37 евра).

Фото: Pixabay