Комапнијата за рециклирање, TerraCycle, соработува со еден од најголемите производители на бричеви во светот, Gillette, со цел да ги рециклираат остатоците од нивниот производ.
Жителите на САД, преку посебната програма за рециклирање на TerraCycle, ќе можат искористените бричеви и нивната амбалажа, да ги собираат и да ги испратат на адресата на компанијата за рециклирање. Низ земјата има и посебни места на коишто корисниците можат да ги оставаат искористените бричеви и нивната амбалажа, кои не мора да бидат само од брендот Gillette.
Пластичните делови од бричевите се чистат и се претвораат во пелети од кои може подоцна да се изработат масички или столчиња, а металните сечила се топат и од нив се прави нова легура.
Податоците велат дека секоја година на депониите ширум светот завршуваат околу две милијарди бричеви или околу 500.000 килограми отпад, што тешко се рециклира.
Фото: Pixabay