Бензините поевтинуваат за три, дизелот за два денари

48

Горивата од полноќ добиваат нови и пониски цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините поевтинуваат за три денари, па така литар Еуросупер БС 95 оваа недела ќе се продава по 66,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС 98 ќе биде 68,50 денари. Дизелот поевтинува за два денари, па литар Еуродизел (Д Е V) ќе се точи по цена од 60 денари.

За два денари се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 32,361 ден/кг.

Фото: Pixabay