Топ пет најголеми извозници на сапун во светот

122

Германија, САД, Индонезија, Кина и Малезија се топ пет извозници на сапун во светот. минатата година извозот на овој козметички производ достигна вредност од околу 11 милијарди долари.

Минатата година од Германија е извезен сапун во вредност од над една милијарда долари, додека во САД достигна вредност од 907 милиони долари, а од Индонезија е извезен сапун во висина од 650 милиони долари. Кина лани извезе сапун вреден 600 милиони долари, додека исто толку и Малезија.

Од земјите во регионот, Словенија е во најдобра позиција (36-та) со извоз од скоро 42 милиони долари, Грција е пет места подолу со извезен сапун од 34 милиони долари, додека Бугарија е 49-та со извоз од 20 милиони долари. Хрватска е 55-та со извоз на сапун во висина од 14 милиони долари, шест места подолу е Србија со извоз од 10 милиони долари. Македонија е 90-та во светски рамки со извоз на сапун од 1,3 милиони долари.

Фото: Pixabay