Група од 32 луксузни модни брендови наречена Fashion Pact се обврза дека ќе работи за заштита на животната средина, пишува Inhabitat. Претставници од познатите компании како Adidas, Burberry, Kering, Hermes, Nike, Prada и Puma, ги споделија своите идеи на оваа тема за време на G7 самитот што се одржа од 24 до 26 август во Франција.
Некои од идеите за борба против глобалното загадување вклучуваат користење на 100% обновива енергија во производството до 2030 година; елиминирање на загадувањето од микрофибер; поттикнување на биодиверзитетот и креирање на еколошки земјоделски, шумски и рударски процеси, како и елиминирање на употребата на еднократна пластика во пакувањата до 2030 година.
Неколку клучни компании од модната индустрија беа критикувани за тоа што не помогналe околу пожарите во Амазонија, наспроти донирањето на милиони евра во реставрацијата на Нотр Дам.
Фото: Pixabay