Почина Ханс Раусинг човекот зад успехот на Tetra Pak

91
Hans Rausing

Шведскиот милијардер којшто ја претвори компанијата Tetra Pak во глобално име почина на 93 годишна возраст во Англија.

Неговиот татко Рубен Раусинг, беше еден од основачите на компанијата. Тој стои зад иновативното пакување кое денес се користи низ целиот свет.
Првата тетрапак амбалажа од картон, налик на триаголна пирамида, беше наменета за пакување на млекото. Токму таа форма го даде и името на компанијата Tetra Pak, пишува The Local.
Пакувањето ги замени стаклените шишиња и беа многу подобра алтернатива за чување на млекото и транспорт.
Ханс, којшто беше роден во 1926 година, се здоби со директорската позиција на Tetra Pak International во 1954 година и заедно со брат му ја Гад, ја раководеа компанијата четири децении.
Ханс се повлече од претседателската функција во 1993 година. Она што започна со само седум вработени таа година бележеше 36.000 работници и препознатливо име на глобално ниво.
Фото: Tetra Pak