KitKat добива хартиена амбалажа од којашто може да се направи оригами

58

Nestle Јапонија ги забрзува своите напори да го намали пластичниот отпад преку промена на амбалажата на чоколадите KitKat, пишува Food Navigator.

Новата амбалажа ќе биде изработена од хартија, а наместо да заврши во канта за ѓубре, од нејзе ќе може да се направи оригами или да се напише порака. Хартиената амбалажа нема да влијае на рокот на траење на кондиторските производи.

Со овој потег Nestle Јапонија очекува да го намали пластичниот отпад за околу 380 тони годишно.

Фото: Facebook