Каде просечно шише вино чини скоро 30 евра, а каде само едно евро?

96

Едно просечно шише вино во маркет во Катар чини 28,83 евра, што е најскапо во светот. Од друга страна, едно шише вино во Иран чини 0,98 евра, покажуваат податоците на Numbeo.

Освен Катар, земји во коишто за просечно шише вино треба да се одвојат околу 20 евра се и: Сингапур (20,33 евра), Бахреин (19,39 евра) и Јордан (19,34 евра).

Од земјите во регионот, шише вино во маркет во Грција чини седум евра, во Турција 6,45 евра, додека во Словенија шест евра. Во Албанија цената на шише вино е 5,75 евра, во Хрватска 5,40 евра, а во Бугарија 4,33 евра. Цената на шише вино во Босна и Херцеговина е 4,10 евра, додека во нашата земја достигнува просечна цена од 3,75 евра. Црна Гора е 85-та од 92 земји во светот со просечна цена од 3,75 евра, додека Србија е три места подолу со просечна цена од 3,40 евра.

На дното на оваа листа, освен Иран, се најдоа и: Молдавија (3,09 евра), Пакистан (2,49 евра) и Саудиска Арабија (2,44 евра).

Фото: Pixabay