YouTube треба да плати казна од 170 милиони долари поради непочитување на приватност на децата. Google, којшто го поседува видео сервисот, се согласи да ја плати сумата на Федералната комисија за трговија во САД ( Federal Trade Commission – FTC).
Инаку, YouTube беше обвинет за собирање на податоци од деца под 13 години без согласност од родител, пишува BBC. Според FTC, податоците биле искористени за прикажување на рекламен материјал на малолетници, што се коси со Актот за зачувување на приватноста на децата (Coppa).
Google ќе треба да плати 136 милиони долари на FTC, што е досега најголема казна за ваков вид на случај и дополнителни 34 милиони на државата Њујорк. Како дел од спогодбата компанијата ќе мора да креира нов систем со којшто секоја содржина наменета за деца ќе биде јасно означена.
Фото: Pixabay