Германија прославува 70 години од популарната виршла со кари сос

253

Германците го слават 70-от роденден на популарната виршла со кари сос (currywurst), којашто за прв пат беше претставена како оброк во 1949 година, пишува Reuters.

Од речиси 1.500 разни видови на виршли и колбаси најбарана и најпопуларна е токму виршлата со кари сос, којашто се служи со пржени компири во хартиена чинија. Важи за улична храна во Берлин и останатите градови во Германија и е чест избор како на локалното население така и на туристите.

Според направените проценки, годишно се консумираат повеќе од 800 милиони вакви виршли, а штандовите што ги продаваат се многу честа глетка во германскиот главен град.

Виршлите се прават од говедско месо и секој ден се носат нови и свежи пратки.

Оброкот е толку популарен што на местото, каде се верува дека бил измислен од страна на Херта Хојвер, стои плакета со натпис: Нејзината идеја е традиција и вечно задоволство!

Според производителите, клучот за успехот на виршлата со кари сос е тоа што основните состојки што се користат во сосот не се сменети со децении.

Фото:Pixabay