Германија е извозник број еден, додека САД се увозник број еден на лекови во светски рамки.
Во текот на 2018 година, Германија оствари извоз на лекови во вредност од 84,6 милијарди долари, додека на второ место се најде Швајцарија со вредност на извозот од 71,7 милијарди долари, а на трета позиција се најдоа САД, чиј извоз на лекови беше 49,6 милијарди долари.
Од земјите во регионот, Словенија лани прокнижи три милијарди долари од извоз на лекови, во Грција извозот достигна 1,3 милијарди долари, а исто толку и во Хрватска. Минатата година Бугарија извезе лекови вредни 975 милиони долари, додека Србија инкасираше 273 милиони долари. Од земјава лани направен е извоз на лекови во висина од 85 милиони долари, додека зад нас е Босна и Херцеговина во висина од 77,7 милиони долари.
Од друга страна, најголем увозник на лекови во светски рамки лани беа САД – 99,7 милијарди долари. На втора позиција е Германија со увезени лекови во вредност од 53,7 милијарди долари, додека трета е Белгија со увоз од 36,6 милијарди долари.
Грција лани евидентираше увоз на лекови од 3,4 милијарди долари, додека увозот во Бугарија беше 1,4 милијарди долари. Словенија е следна со инкасиран увоз од 1,4 милијарди долари, по што следи Хрватска со увезени лекови вредни 1,1 милијарди долари. Србија од увоз на лекови минатата година евидентираше приходи од 771 милион долари, додека во Македонија тој износ е 172 милиони долари.
Фото: Pixabay