Еден пар патики во Иран чинат 150, а на Косово 27 евра

213

Еден пар патики Nike во Иран чинат 150,45 евра, со што ја имаат највисоката цена во светот, покажуваат податоците на Numbeo. Од друга страна, пак, најевтини патики може да се најдат на Косово, по цена од 27,50 евра.

Земји во кои еден пар патики во просек се продаваат над 100 евра се: Исланд (130,56 евра), Египет (113,52 евра), Израел (108,54 евра) и Швајцарија (101,66 евра).

Од земјите во регионот, најскапи се патиките во Словенија – 74,27 евра, по што следи Грција со просечна цена од 71,51 евро. Хрватска следи со просечна цена на пар патики од 72,33 евра, зад нејзе е Србија со 71,12 евра и Албанија со 70,55 евра. Поскапи патики од кај нас се продаваат и во Црна Гора (69,85 евра) и Босна и Херцеговина (66,79 евра). За еден пар патики во земјава треба да се одвојат 64,16 евра. Поевтини патики, во просек, има во Бугарија – 63,18 евра, Романија – 59,89 евра и Турција – 55,55 евра.

Освен на Косово, патиките се најевтини и во: Пакистан (34,48 евра), Шри Ланка (41,51 евра) и Индија (42,62 евра).

Фото: Pixabay