Светски компании со најголема корпоративна одговорност во 2019 година

89

Reputation Institute, фирма што се занимава со менаџмент и следење на репутацијата на компаниите, од 2011 година ја објавува анализата CR RepTrak, каде што се прикажани компаните со најдобра репутација во однос на корпоративна одговорност.

Според извештајот, компаниите годинава одбрале една важна работа за којашто навистина се заложиле, а не како претходно кога се обидувале да бидат присутни и одговорни на повеќе места.

Токму тоа е причината за зголемување на корпоративната одговорност, а со тоа и репутацијата како таква компанија, велат од Институтот.

Следниве светски гиганти се во топ 10 листата, предводени од Lego којашто се најде на првото место.

Ikea – Шведска

Lavazzа – Италија

Intel – САД

Havaianas – Бразил

Bosch – Германија

Walt Disney – САД

Google – САД

Microsoft – САД

Natura – Бразил

Lego – Данска

Фото: Pixabay