Кина ќе гради индустриски град во Белорусија

53

china-belarusКина ќе гради цел град во шумите во близина на Минск, кој ќе претставува отскочна штица за индустриското производство меѓу Европската унија и Русија, јавува Блумберг.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, подрачјето околу меѓународниот аеродром во Минск, кое е 40 пати поголемо од Менхетен, го доделил за развој на проекти во вредност од пет милијарди долари.

“Ова е единствен проект. Никој во Европа нема да биде во состојба да изгради нешто слично на овој индустриски парк, затоа што инфраструктурата ќе биде многу моќна”, изјави кинескиот амбасадор во Белорусија, Гонг Џианвеј.

Модерниот град на Евроазискиот континент, како што стои во документите, ќе се гради покрај автопатот кој ги поврзува Москва и Берлин, преку Белорусија и Полска.

Првата фаза од индустрискиот парк треба да биде завршена до 2020 година, а втората до 2030 година.