Disney ќе нуди вегетеријанско мени во своите тематски паркови

71

Како и многу други компании така и Disney ќе понуди широк спектар на вегетаријански оброци во своите тематски паркови во САД.

Иако досега се продаваа веге-бургери, од следниот месец палетата ќе биде значително збогатена со разни салати, ладни и топли сендвичи, десерти, сосови и слично. Во нивниот состав нема да има месо, јајца, млеко и мед, пишува CNBC.

Менитo ќе содржи дури 400 нови веге-комбинации, од причина што посетителите веќе подолго време барале во парковите и хотелите да се вклучи вегетаријанска храна.

Сите веге-оброци на менито ќе бидат обележани со знак.

Според експертите, пазарот со растителна храна се проценува дека до 2023 година ќе вреди 2,5 милијарди долари.

Фото: Pixabay