Минатата година глобалниот извоз на гуми достигна 80 милијарди долари. Споредено со пет години пред тоа вредноста е намалена за 4,5%, земајќи ги предвид сите земји што извезувале.
Азиските земји се најголеми извозници на гуми на глобално ниво. Вредноста на извозот во тој регион достигна 36,6 милијарди долари лани или 45,8% од вкупната сума во светот. По нив следуваат земјите од Европа со 41,2% од глобалниот извоз, додека 9,9% отпаѓа на земјите извозници на гуми од Севрна Америка.
Кина води на топ 10 листата, а редоследот е следен:
- Кина – 15,1 милијарди долари (18,9% од вкупниот извоз на гуми)
- Германија – 6 милијарди долари (7,5%)
- Јапонија – 5,1 милијарди долари (6,4%)
- САД – 5,1 милијарди долари (6,4%)
- Tајланд – 4,9 милијарди долари (6,1%)
- Јужна Кореја – 3,5 милијарди долари (4,3%)
- Франција – 2,8 милијарди долари (3,5%)
- Холандија – 2,5 милијарди долари (3,2%)
- Шпанија – 2,5 милијарди долари (3,1%)
- Полска -2,4 милијарди долари (3%)
Нашата земја лани заработила 259.000 долари од извоз на гуми.