Патиштата во Обединетите Арапски Емирати се најдобри во светот, покажува Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум за периодот 2017-та и 2018-та година.
Меѓу првите пет земји во светот, што може да се пофалат со најдобри патишта се и: Сингапур, Швајцарија, Хонг Конг и Холандија.
Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Хрватска, којашто ја зазема 19-тата позиција од вкупно 137 земји. Грција е 44-та во светски рамки, патиштата ја позиционираа Словенија на 51-во место, Албанија е шест места подолу, додека Црна Гора е 88-ма. Состојбата на патиштата во Бугарија ја сместија земјата а 93-то место, седум места подолу е Србија, додека Босна и Херцеговина е 109-та во светски рамки.
На дното на оваа листа се најдоа Хаити, Конго и Мавританија, а нашата земја ја нема воопшто.
Фото: Pixabay