Земјава меѓу 10-те според бројот на отворени работни места преку странски инвестиции

43

Србија е светски лидер по бројот на отворени работни места преку проекти на странски директни инвестиции во 2018 година, анализирано по број на жители, а Македонија се најде меѓу првите 10, покажува извештајот IBM Global Location Trends 2019.

Според бројот на отворени работни места преку странски директни инвестиции, анализирано по број на жители, зад Србија се најдоа: Литванија, Босна и Херцеговина, Словенија, Коста Рика, Ирска, Унгарија, Словачка, Боцвана и Македонија.

Во извештајот се нотира дека производните активности чинат скоро 80% од новоотворените работни места токму од странски инвеститори. Земјите од Западен Балкан ја покажаа својата доминација во овој поглед, а во чекор ги следат и Балтичките земји.

Фото: Pixabay