Извозот на свежо грозје минатата година се позиционираше на скоро девет милијарди долари.
Најголем дел од извозот го зазема Чиле со 1,2 милијарди долари. Втор најголем извозник во светски рамки е Холандија со 984 милиони долари, додека трет најголем извозник на грозје се САД со 926 милиони долари.
Меѓу топ 10 најголеми извозници на грозје се и: Италија (795 милиони долари), Перу (763 милиони долари), Кина (689 милиони долари), Јужна Африка (570 милиони долари), Шпанија (398 милиони долари), Хонг Конг (369 милиони долари) и Австралија (306 милиони долари).
Од земјите во регионот, со најдобра позиција (15-та во светот) е Грција со извоз на грозје во вредност од 110 милиони долари. Словенија е на 22-ро место со извоз на грозје во висина од 34 милиони долари, а Македонија е 27-ма со извоз од 15,2 милиони долари. Бугарија е 54-та со извоз од 1,3 милиони долари, додека две места подолу е Босна и Херцеговина со околу еден милион долари. Црна Гора и Србија се на 62-ро односно 63-то место со извоз од околу 800.000 долари. Хрватска од извоз на грозје лани заработи 138.000 долари и се позиционираше на 76-та позиција.
Фото: Pixabay