Веб страната Big 7 Travel објави листа на најсподелувани дестинации на Instagram, базирана на податоци од социјалниот медиум, гласови од туристички и мислења на читатели.
Судиите ги бодуваа дестинациите според следниве критериуми:
- Изобилство на места за фотогрфирање
- Оригиналност
- Природни убавини
- “Фотогенични“ места направени од човекот
- Храна и пијалак
На листата којашто содржи вкупно 50 дестинации има градови, држави и разни области.
Дубровник е прогласен за најфотогеничен град, односно дестинација со најмногу фотографии на Instagram, благодарение на својата прекрасна природа и уникатна градба.
Во топ десет листата освен Дубровник, којшто има 94,37% од бодовите, се најдоа и:
Виена, Австрија – 90,76%
Киев, Украина – 91,07%
Азурен брег, Франција – 91,44%
Малта – 91,98%
Кери, Ирска – 92,01%
Костволдс, Англија – 92,35%
Будимпешта, Унгарија – 92,56%
Хајлендс,Шкотска – 93,11%
Исланд- 93,26%
Дубровник, Хрватска – 94,37%
Фото: Pixabay