Производи произведени во Германија уживаат најголем углед меѓу меѓународните потрошувачи, додека оние од кинеско производство имаат значително пониска репутација, пишува DW, повикувајќи се на истражување на компанијата YouGov.
Во истражувањето, во коешто се опфатени луѓе од 23 земји во светот, 50% од нив рекле дека позитивно ја доживуваат ознаката Made in Germany, додека само 6% ја сметаат за негативна. Со тоа, Германија добила 45 поени, а за нејзе се: Италија со 38 поени, Велика Британија и Франција со по 34 поени, Јапонија со 33 и Јужна Кореја со 28 поени.
Од друга страна, производите што доаѓаат од Кина имаат најниска репутација, добивајќи 29 негативни поени. Вкупно 44% од испитаниците сметаат дека производите со ознаката Made in China се со лош квалитет, а само 15% имале позитивно мислење.
Инаку, анкетираните се потрошувачи од земји и региони со високи приходи, вклучувајќи ги Европска унија, САД, Австралија и Јапонија, но и оние со ниски приходи, како што се Индија, Мексико, Кина, Нигерија и Јужноафриканска Република.
Фото: Pixabay