Халал сертификати за 14 компании

39

Вкупно 14 компании, коишто го имплементираа Халал стандардот во периодот јануари – јуни оваа година, денеска добијат сертификат, соопштуваат од Министерството за економија.

“Сакам да потсетам дека оваа иницијатива на Министерството за економија започна во 2013 година со скромен буџет од 500.000 денари, наменети за кофинансирање на трошоците на компаниите за консултантски услуги за воведување на Халал системот, кои се потребни пред издавањето на Халал сертификатот. Буџетот за финансирање на сертификација на Халал стандарди се зголемуваше од година во година. И оваа година Министерството за економија продолжи со поддршката на компаниите за сертифицирање на Халал стандард и за оваа намена предвиде средства во вкупен износ од 2.000.000 денари. Средствата се наменети за субвенционирање на 60% од докажаните трошоци за сертификација на Халал систем, но не повеќе од 200.000 денари по апликант“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Фото: Pixabay